Македонија
16. February 2020 - 9:33

Одобрени средства за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти

Усвоена е одлуката за одобрување средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2020 година, наменети за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти на државните универзитети, соопшти Владата.

На синоќешната седница е усвоена и Предлог – програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година, за да се задржи континуитетот на процесите за изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски објекти во повеќе општини како Охрид, Куманово, Липково,…

За да го обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје, придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и на Факултет за Исламски науки – Скопје, Владата донесе одлука за одобрување средства кои на овие високообразовни институции им се одобруваат квартално.