Бизнис
20. November 2023 - 10:33

Одобрени 50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонското стопанство преку Развојна банка

Административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), на седницата одржана на 16-ти и 17-ти ноември 2023 година, донесе одлука за одобрување на Програмски заем во износ од 50 милиони евра за Развојна банка на Северна Македонија.

Овој заем ќе придонесе за поттикнување на отворањето на нови работни места и инвестирање во основни и обртни средства на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Република Северна Македонија.

Заемот ќе се реализира преку деловните банки, и ќе овозможи полесен пристап до финансии под исклучително поволни услови за ММСП, унапредување на нивната конкурентска предност и зајакнување на нивната позиција во создавањето и одржувањето на работните места, соопшти Развојна банка.

Ново на Сител