-->
-->
Одобрена изградба на нова еврејска населба на Западен Брег
-->
Владата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху одобри изградба на една еврејска населба на Западниот Брег, прва по две децении.
Нетанјаху посочи дека одлуката за изградба на населбата во близина на градот Шилоа е донесена едногласно.
Веќе две децении меѓународната заедница поддржува дводржавно решение за конфликтот, што подразбира воспоставување на палестинска држава на териториите што Израел ги освои за време на војната во 1967 година. Еврејските населби на Западен Брег за меѓународната заедница се нелегални и се бариера за мирот.
За Израел статусот на еврејските населби, како и другите проблеми треба да бидат решени со мировни преговори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред