Одобрена четврта емисија долгорочни хартии од вредност на „11 Октомври-Еурокомпозит“
Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит" ад Прилеп од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) доби одобрение да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Станува збор за 128.702 обични акции во вредност од 40.553.457,00 денари, информира по денешната седница КХВ.
Со четвртата емисија на акции, појаснува КХВ, се врши зголемување на основната главнина на „11 Октомври - Еурокомпозит" АД Прилеп со непаричен влог, наменета за Република Македонија, со што акциите ќе бидат преземени од страна на Владата на РМ како институционален инвеститор.
На седницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија воедно се обновени пет дозволи за работење со хартии од вредност.
Ново на Сител
-
Одобрени најавените 35 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ за Украина
-
Мекдоналдс ја повлече продажбата на „квартер пондер“ хамбургери во САД
-
Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина
-
Министерот Таравари прими вакцина против сезонски грип
-
Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
-
Општина Струмица го напушта ЗЕЛС
-
Уапсен 29-годишен арачиновец, ограбил казино
-
Манчестер Сити постави рекорд во Лигата на шампионите