Одобрен турско-либискиот договор, Турција добива пристап до економската зона во Медитеранот
Комисијата за надворешна политика при турскиот Парламент го одобри денеска договорот на Турција со либиската Влада за поморската граница во Средоземно Море, што и овозможува на Турција пристап до економската зона во Медитеранот.
Во текот на денешниот ден за овој договор ќе се изјасни и Парламентот.
Турција минатата недела потпиша договор со либиската Влада на Фајез Сараџ, со седиште во Триполи, која е призната од ОН и контролира некои западни делови од земјата.
Овој договор предизвика расправа во либискиот Парламент, кој се наоѓа на крајниот источен дел од земјата и е под влијание на Либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар.
Договорот, исто така, дополнително го заострува веќе постоечкиот спор кој Турција го има со Грција, Кипар и Египет околу правото на експлоатација на нафта и гас во источниот дел на Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада