Одново се зголеми бројот на загинати од пожарите во Атика
На две седмици по катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, бројот на жртвите се зголеми на 91 лице, откако утрово, 95-годишна жена им подлегна на повредите во болница во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред 3 дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат 2 неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.
Во грчките болници во изминатите речиси 2 седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа осум лица.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници се лекуваат 36 повредени лица, од кои 6 се во сериозна состојба, додека пак хоспитализирано е и едно дете, но е вон животна опасност.
Ново на Сител
-
Израелската армија на 25 километри од Дамаск, се проширува тампон зоната
-
Мицкоски: Направен е криминал од 6,5 милиони евра - Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме
-
Макрон ќе биде домаќин на партиските лидери во потрага по нова влада
-
Меџити: Ја поздравуваме одлуката на Стејт департментот, Али Ахмети време е да признаеш дека згреши
-
Мицкоски: Не смееме да дозволиме градоначалници да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите
-
Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај поради протест
-
ДУИ ја почитува одлуката на Стејт Департментот
-
Вучиќ: Не сум Асад, нема да бегам