Одложено судењето за обвинетите за насилствата во Собранието

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено првото рочиште за деветмината обвинети за насилствата во македонското Собрание што се случија на 27 април. Судењето е одложено за 23. мај поради неприсуство на еден од обвинетите кој требаше да биде донесен од домашен притвор.
Тие се товарат за учество во толпа што ќе стори кривично дело и учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.
Во Судот се повикани како сведоци и други лица, меѓу кои припадници на обезбедувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, членови на внатрешното обезбедување на Собранието на РМ и обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
За насилствата во Собранието осомничени се 30-тина лица од кои на поголем дел им се изречени мерки на претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца, односно татко и син, се во притвор за обид за убиство.
Во настаните на 27 април беа повредени неколкумина пратеници меѓу кои најтешко лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
МВР соопшти дека работи на пронаоѓање на сите осомничени лица и на целосно расчистување на настаните.
Пред зградата на Основниот суд Скопје 1 денеска е собрана група граѓани кои во поддршка на осомничените имаат истакнато транспарент „Верував во се, но не дека моите ќе ми судат за Македонија“, а развеани се и знамиња со сонцето на Вергина. Во групата се припадници на неколку здруженија, меѓу кои и на „Ќосето“, како и членови на семејствата и пријатели на осомничените.
Претседателот Ѓорге Иванов во вчерашното интервју за ТВ Канал 5 го повика Собранието на РМ да одлучи за евентуална амнестија на учесниците во собраниските инциденти, бидејќи, како што наведе, тоа се луѓе кои биле заведени од толпа или од емоции.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
