Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски
– Поради оправдано отсуство на еден од поротниците денешното судско рочиште за обвинетите за смртта на Никола Саздовски е одложено.
На претходното рочиште во судот беа презентирани наодите од судска медицина.
Вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина на рочиштето посочи дека обдукцискот наод извршен врз Никола Саздовски покажал крвни повреди на главата, поточно на левата страна на лицето и во темената регија, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош.
Според вештото лице, Саздовски бил донесен во болница во предсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, Јетон Љужа, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.
Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Младото момче неколку дена беше во коматозна состојба во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.
Адвокатот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтански денеска во изјава за МКД.мк, вели дека е поднесено оштетно побарување во вредност од 10 милиони денари од двајцата обвинети
Ново на Сител
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!

