-->
-->
Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали
-->
Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.
- На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.
Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР