Одложен Меѓународниот спортски риболовен куп на Калиманци

Поради ниското ниво на вода во езерото Калиманци одложен е меѓународниот спортски риболовен куп којшто по традиција се одржува при крајот на август.
Претседателот на спортско-рекреативното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица, Горан Стоименовски потенцира дека водата во езерото Калиманци е на многу ниско ниво и оти тоа е единствената причина што овој август нема да се одржи спортскиот меѓународен куп.
- Како организатори не се откажуваме од организацијата, туку бараме начини меѓународниот куп да се одржи во релативно добри услови, а тоа во моментов го нема на езерото. Доколку хидролошката состојба се подобри, купот ќе го организираме во октомври за што благовремено ќе ги известиме сите заинтересирани рибиловни друштва од Македонија и соседните земји, рече Стоименовски.
Тој додаде дека меѓународниот спортски куп, каде вообичаено учествуваат 20-тина риболовци од Балканот, се организира со поддршка на Општина Македонска Каменица, а целта е промоција на риболовниот туризам и на езерото Калиманци.
Стоименовски уште еднаш апелираше до надлежните да преземат мерки за зголемување на нивото на водата во езерото, за да се спаси рибниот фонд во него.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
