-->
-->
Одлични вести - Горивата повторно поевтинуваат
-->

Цената на американската "лесна " нафта (WTI) за испорaка во декември порасна за пет центи на 43,25 долари, а цената на суровата нафта "брент" за декемвриските испораки скокна за четири центи на 46,85 долари по барел, пренесува агенцијата Франс прес.
Аналитичарите очекуваат дека денешниот извештај на американската Администрација за енергетски информации (ЕИА) ќе укаже на скок на резервите во неделата заклучно со 23 октомври. Натрупувањето на резервите обично се толкува како сигнал за послаба побарувачка во земјата која е најголем светски потрошувач на нафта, што ја намалува цената на "црното злато".
Последната цена на суровата нафта врз основа на која се формираа малопродажните цени во Македонија пред две недели беше повисока за нешто помалку од 4 долари од денешната, но пред две недели курсот на денарот во однос на доларот се супшти за околу 1,3 денари по долар.
Доколку нема некои значителни промени, во понеделник, можеме да очекува благо намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија за сума меѓу половина и два денари по литар, по растот на цените на 19 октомври од половина денар по литар.
Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 63 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 денари по литар, а ЕУРОДИЗЕЛ за 50,5 денари по литар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
