-->
-->
Одлична вест за македонската ракометна селекција пред дуелот со Финска
-->

Добра вест доаѓа од машката македонска ракометна репрезентација.
Од федерацијата преку соопштение потврдија дека нема ниту еден позитивен на Ковид-19 во таборот на црвено-жолтите, а по последните спроведени тестови.
Тоа значи дека селекторот Данило Брестовац ќе може да здивне, и дека утре против Финска на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот список, како и двајцата кои дополнително ги повика.
Со соопштението на РФМ се вели:
„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот COVID – 19.
Ве информираме дека сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се НЕГАТИВНИ, воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со НЕГАТИВНИ тестови.
Повторно напоменуваме дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена Прес-конференција/ брифинг со медиуми.
Со почит. Ракометна Федерација на Македонија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
