-->
-->
Одиграни шест реванш осминафинални дуели од Купот
-->
По одигрувањето на денешните шест реванш осминафинални дуели од фудбалскиот Куп на Македонија познати се уште шест екипи кои се пласираа во четвртфиналето. Тоа се: Пелистер (бранителот на трофејот), Скопје, Победа, Шкендија, Ренова и Академија Пандев, додека вчера Тетекс се избори за влез меѓу осумте екипи.
Ланскиот Куп освојувач Пелистер во Велес го совлада Борец со 3:1 и со вкупен резултат од 7:3 беше подобар од ривалот. Шкендија во Тетово одигра нерешено со Работнички - 1:1, а бидејќи и на првиот дуел беше истиот резултат, победникот беше решен по изведување пенали – 3:2 за Шкендија.
Прволигашот Скопје и во реваншот го совлада градскиот ривал Еуромилк со 3:0 или вкупен резултат 6:0. Прилепска Победа со два триумфа ја елиминира штипска Брегалница денеска беше 5:1, а на првиот дуел 4:2.
Академија Пандев го совлада Силекс со високи 5:0, а на првиот дуел беше 1:0 за тимот од Кратово. Струга Трим - Лум и Ренова одиграа нерешено 2:2 , а во вкупниот резултат е 5:4 за Ренова. Вчера Тетекс - Кожуф 3:2 или вкупен резултат 5:4.
Поради настапите на Вардар во Лига Европа дуелите со Шкупи ќе се играат на 8.ноември и на 29.ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Објавен тестаментот на папата Франциск
-
Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици