Одгледувачите на свињи на работ на рентабилно работење
![]()
Свинското месо бележи зголемување на цената во текот на изминатиот период, но оваа цена засега не е доволна за рентабилно работење за одгледувачите на свињи во државата, оцени потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов.
Тој посочи дека постојано расте цената на храната за одгледување свињи, а цената на место не е на задоволително ниво. Потребни се дополнители анализи за да се одреди колку навистина треба да се плати за свинско месо. Тие уште пред два месeца посочија на потребата од зголемување на цената на свинското месо, бидејќи значително се намалил бројот на одгледување на мајки свињи.
– Цената на свинското месо кажаа пред некој ден дека е малку покачена 125 денари плус 5 проценти данок, но и тоа е на границата на рентабилност, дури е и мала таа цена према храната колку чини и сојата на пример и житариците. Ние очекуваме, но дали ќе се покачи или не, тоа не зависи само од нас, тоа треба преработувачките капацитети да кажат, вели Серафимов.
Според него, не е исплатливо да се одгледуваат свињи со ваква цена на месото, а цените на се останато одат во нагорна линија. Истовремено значително е намален бројот на крави и овци кои претходно се одгледувале во штипскиот и карбинцскиот регион.
Ново на Сител
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
