Одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештај за случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.
Како и во минатите години, во парк во Аеродром, ќе бидат засадени дрвца во спомен на загинатите работници на работните места.
Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од Меѓународната организација на трудот за да ја промовира превенцијата од несреќи, повреди и професионални болести на глобално ниво.
-Станува збор за кампањи за подигање на свеста наменета да се фокусира меѓународното внимание на новите трендови во областа на безбедноста и здравјето при работа. Темата на кампањата на МОТ за 2025 година е „Нова ера во здравјето и безбеноста: Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работното место“, информира МЗЗПР.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
