Македонија
28. September 2019 - 11:34

Одбележување на Меѓународниот ден на Бошњаците

Бошњачката заедница во земјава денеска го одбележува 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во организација на Бошњачкиот национален совет вечер во Филхармонија ќе се одржи свечена академија со богата културно-уметничка програма. Најавено е присуство на претставници од Владата и гости од регионот.

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците денеска до припадниците на оваа етничка заедница честитки упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски… Тие наведоа дека Бошњачката заедница преставува нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество и дава придонес во развојот на државата.