-->
-->
Одбележување на 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ-ОА
-->

По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската православна црква и 33-годишнината од хиротонијата за епископ, Скопската православна епархија викендов организира низа манифестации.
В сабота, во црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ – Бутел ќе се одржи вечерна богослужба и осветување на новата крстилница на црквата, а во МАНУ ќе бидат промовирани првите два тома од делото „Слова за Словото“ на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чии промотори ќе бидат академик Витомир Митевски и професор Ѓоко Ѓорѓевски.
В недела, пак, ќе има света литургија и осветување на црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ во Бутел, соопшти Скопската православна епархија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
-

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД
