Одбележување на 144-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Со низа активности денеска се одбележува 144-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации на државни институции, политички партии, здруженија на граѓани, општини и установи ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Цвеќе ќе биде положено и на спомениците на Делчев во главниот град – на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.
Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.
Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата.
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
