Македонија
16. јуни 2018 - 8:20

Одбележување 20 години од основањето на нотаријатот во Македонија

Нотарската комора на Република Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод 20-та годишнина од основањето на нотаријатот во Македонија.

На седницата најавено е обраќање на министерката за правда Рената Дескоска, на претседателот на Нотарската комора Васил Кузманоски, на претседателот на Меѓународната унија на нотаријатите Хозе Мркуењо Де Лано и на потпретседателот на Германската сојузна нотарска комора Ричард Бок.