Одбележани 76 години од Преспанското советување и 116 од Илинденското востание
По повод 76 години од Преспанското советување и 116 години од Илинденското востание, делегација на Општина Ресен предводена од градоначалникот Живко Гошаревски, членови на Советот, претставници на Сојузот на Борци на општина Ресен и владини функционери вечерва положија цвеќе пред спомениците на Илинденците во селото Крушје, Никола Кокарев во село Царев Двор и на Преспанското советување во Отешево.
Во обраќањето пред споменикот на Преспанското советување градоначалникот Гошаревски се осврна на неговото значење, како и за Илинденското востание и АСНОМ, кои, како што нагласи, се темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Северна Македонија како современа држава, рамноправна во меѓународните односи.
– Токму на ова место, Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија од 2 до 4 август 1943 ги донел клучните одлуки со кои се создале политичко-правни претпоставки за свикување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ. Донесени биле одлуките за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и Сојузот на комунистичката младина, и за усвојување платформа на Народноослободителната војска на Македонија, потсети Гошаревски.
На советувањето, додаде, учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски – Питу, Цветко Узуновски – Абас, Страхил Гигов – Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ – Орце, а подоцна се приклучил и Светозар Вукмановиќ – Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на Врховниот штаб на НОВ и Партизанските одреди на Југославија во Македонија.
– Ние го имаме аманетот дека нивното дело, слободата и независноста за која се бореа и кои денес ги имаме ќе ги одржуваме, негуваме, почитуваме и развиваме за современа и модерна Република Северна Македонија, рече Гошаревски.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали