Одбележани 74 години од постоењето на ЈДГ „Весели цветови“
Одбележување 74 години од постоењето на најстарата градинка „Весели Цветови“ се одржа денеска, а по тој повод во објектот „Сончоглед“ дечињата од градинката пред присутните, меѓу кои и градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, изведоа прекрасни ритмички и музички точки преку кои на возрасните им испратија пораки.
– Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски во општината се обновени сите објекти на двете јавни детски градинки. Во ЈДГ „Весели Цветови“ беа извршени повеќе реконструктивни зафати. Во сите шест објекти поставени се нови прочистувачи за воздух, децата добија нови играчки и дидактички материјали: дрвени сложувалки, ролкостери, друштвени игри и реквизити за физички активности, велат од општината.
Оттаму информираат дека и објектот „Сончоглед“ доби целосно обновени санитарни јазли, нов ламинат, а оштетените креветчиња, плакари, столчиња и масички наменети за децата заменети се со нови. Во просториите на објектот извршено е и молерисување.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот