Одбележани 20 години од основањето на општина Центар Жупа

Со пригодна свеченост општина Центар Жупа денеска ја одблежа 20-годишнината од основањето. На свеченоста, која започна со интонирање на химните на Република Македонија и Република Турција присуствуваа министерот Фуркан Чако, турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендиљ, директорот на турската агенција за развој „Тика“ за Македонија, Теоман Тирјаки, како и претставници на инситуции и граѓани од оваа и соседните општини.
Градоначалникот Арјан Ибраим оцени дека во изминатите 20 години реализирани се низа проекти со кои пополека но сигурно општината добива градски урбан лик.
Тој изрази благодарност за поддршката од Владата, како и за реализираните проекти, финасиски поддржани од агенцијата „Тика“ со што се создадени многу подобри услови за живот на граѓаните од овој крај. - Изградивме многу патишта, добивме нова општинска зграда, водовод, реконтруиравме училишта, а со веќе започната реконструкција на патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кој е историско значење за општината,к онечно ќе се надмине најгорливиот проблем, кој беше и еден од условите за економски развој на општината, рече Ибраим.
За кус период, додаде Ибраим, можеме да кажеме дека во општината нема да има населено место кое нема да биде поврзано со асфалтен пат. Со подобрувањето на патната инфраструктура, како што додаде, очекува и реализација на најавените странски инвестиции.
Во знак на благодарност за поддршката што ја даваат за општина Центар Жупа, на турскиот амбасадор во Македонија и на директорот на „Тика“ за Македонија, градоначалникот им врачи плакети.
Свеченоста беше збогатена и со културно уметничка програма подготвена од деветолетките „Мустафа Кемал Ататурк“ од Центар Жупа и „Неџати Зеќирија“ од селото Коџаџик, кои настава следат на македонски, турски и албански наставен јазик.
Ново на Сител
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
