Македонија
11. January 2016 - 13:52

Одбележани 16 години од загинувањето на полицајците Петрушевски и Готак кај Арачиново

Во Полициската станица Гази Баба во скопската населба Автокоманда денеска беше одбележана 16- годишнината од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак, кои во 2000-та година го загубија животот во скопското село Арачиново.

Делегација од општината Гази Баба, предводена од градоначалникот Тони Трајковски и претседателот на Советот на општина Гази Баба Милан Андоновски, заедно со родителите на загинатите полицајци, роднини, пријатели, командирот и претставници од 5-та полициска станица, пред споменикот на бранителите, кој се наоѓа во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, положија цвеќе и им оддадоа почит на загинатите бранители.