-->
-->
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
-->
- Роднини, пријатели, претставници од полицијата и бранители положија цвеќе и запалија свеќи пред спомен плочата во гостиварската населба Циглана, во знак на почит кон Александар Николиќ и Даил Јанкоски полициски резервисти кои беа убиени во 2002 година.На местото каде што беа застрелани додека беа должност на полициски пункт беше отслужена панихида.
Од собирот од здружението на бранители Бедем порачаа вакви таргедии повеќе да не се повторат и дека никогаш нема да ги заборават колегите кои загинале во одбрана на Македонија.
Букети цвеќе за Александар и Даиљ беа положени и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта. Погибијата на двајцата резервисти, сé уште до крај не е расветелна и не е познато, кој и зошто пукаше во нив додека беа на полициски пункт во населбата Циглана со што беа прерано ги прекинати животите на двајцата, а еден резервист во таа ноќ беше ранет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
