Одбележана деветгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска при денешната посета на кумановскиот театар најави целосна реконструкција на институцијата. Целта на проектот е да се подобрат условите за работа на вработените во театарот што пак би придонело и за поголема театарска продукција.
-Планираме до крајот на месец јануари да се изработи една проектна програма со сите оние барања од страна на актерите на вработените во институцијата околу потребите за самиот театар и некаде во февруари да се објави тендер за избор на проектантска фирма која што ќе го проектира проектот за целосна реконструкција на театарот, изјави Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура
Во проектот за реконструкција ќе бидат опфатени и балконите кои досега беа нефункционални со што ќе се зголеми и бројот на седишта за публиката кој сега изнесува 270 .
- Верувам дека овој проект ќе биде од исклучителна значајност пред се за уметниците, за подобрување на условите за работа бидејќи сепак театарот следната година одбележува еден голем јубилеј 70 години постоење, изјави Канческа Милевска.
Целосната реконструкција на театарот би требало да заврши во рок од три години. Но, освен инвестициите во театарот, министерката потсети дека се вложува и во центарот за култура „Трајко Прокопеив“. Голем дел од работите веќе се завршени, а реконструкција на покривот е во завршна фаза.
Ново на Сител
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година
-
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар
-
Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини
-
Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина