Одбележана 21-годишнина од злосторството во Сребреница

Во присуство на претставници на меѓународната заедница, босанските власти и семејствата на жртвите, во Поточари денеска е одржана комеморација по повод 21-годишнината од злосторствата извршени врз Бошњаците во Сребреница, јави Танјуг.
Началникот на општина Сребреница, Ќамил Дураковиќ прв им се обрати на присутните, оценувајќи дека денот кога падна Сребреница и кога во тој град е извршен геноцид, е еден од најмрачните денови на 20. век.
- Судските пресуди, вклучувајќи ја и пресудата на Радован Караџиќ за геноцидот во Сребреница, е потврда дека светот не може и не сака да премине преку злосторството на геноцид. Правдата подеднакво им е потребна и на Србите и на Бошњаците во Сребреница, нагласи Дураковиќ.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека „Турција сочувствува со секоја војна и трагедија на балканските простори и ја дели болката на секој човек во БиХ. Ако БиХ не е мирна, ниту Турција не е мирна“.
На крајот на присутните им се обрати и претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, додавајќи дека сега е повеќе од било кога решен да бара задоволување на правдата за секој убиен жител на Сребреница.
Претставници на српските власти оваа годиба беа прогласени за непосакувани во Сребреница, бидејќи, како што се наведува, „не го признаваат геноцидот“. Од Србија единствено присуствуваше само претседателот на опозициската ЛДП, Чедомир Јовановиќ.
- Моето присуство овде е моја човечка обврска и политичка должност, посебно во ситуација кога политиката кон ова се однесува неодговорно, не само кон жртвите, туку кон Бошњаците и кон сите други, објасни Јовановиќ пред почетокот на комеморацијата.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
