-->
-->
Одбележан Светскиот ден на здравјето
-->
Македонското лекарско друштво кое постои 74 години и натаму ќе опстои со организација на континуираната медицинска едукација, на создавањето клиничките упатства и зачувување на честа и угледот на докторите по медицина во Македонија. Ова денеска го истакна претседателот на Мaкедонското лекарско друштво (МЛД) Горан Димитров, на Свечениот собир во пресрет на 7 Април - Светски ден на здравјето. Годинава мoтото на Светскиот ден на здравјето е „Здравје за сите, здравје насекаде“.
На собирот се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој ја потенцира посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на каленадрот на имунизација.
- Ќе воведеме нови две вакцини, од рота вирис и пнеумокок. Ќе формираме национално координативно тело кое ќе го контролира процесот на имунизација, од внесот на вакцините кај нас до крајниот корисник. Првпат направивме попис на расположливите вакцини во сите здравствени институции кај нас, рече Филипче. Додаде дека од крајот на месецов почнуваат со интензивни кампањи за подигање на свеста на населението и здравствените работници за важноста од вакцинацијата.
На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето присуствуваа заменик-мининстерот за здравство Гоце Чакаровски, претствници од МАНУ, декани на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, директори на приватни и јавни здравствени установи..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ненад Савески ја превзема функцијата државен јавен обвинител, вети сериозна борба со криминалот
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
-

Екологистите алармираат дека години наназад на потегот од Струга до Калишта се пустоши трската
-

Преглед на вестите од светот
