-->
-->
Одбележан Светскиот ден на здравјето
-->

Ова денеска го истакна претседателот на Мaкедонското лекарско друштво (МЛД) Горан Димитров, на Свечениот собир во пресрет на 7 Април - Светски ден на здравјето. Годинава мoтото на Светскиот ден на здравјето е „Здравје за сите, здравје насекаде“.
На собирот се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој ја потенцира посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на каленадрот на имунизација.
- Ќе воведеме нови две вакцини, од рота вирис и пнеумокок. Ќе формираме национално координативно тело кое ќе го контролира процесот на имунизација, од внесот на вакцините кај нас до крајниот корисник. Првпат направивме попис на расположливите вакцини во сите здравствени институции кај нас, рече Филипче. Додаде дека од крајот на месецов почнуваат со интензивни кампањи за подигање на свеста на населението и здравствените работници за важноста од вакцинацијата.
На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето присуствуваа заменик-мининстерот за здравство Гоце Чакаровски, претствници од МАНУ, декани на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, директори на приватни и јавни здравствени установи..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот