Одбележан Меѓународниот ден на заболените од ХМЛ
По повод 22 Септември – Меѓународниот ден на заболените од ХМЛ (хронична миелоична леукемија), Здружението на ХМЛ во Македонија побара обезбедување второлиниска терапија за заболените од оваа болест. Побараа лекот Nilotinib да биде ставен на позитивна листа.
На денешната прес-конференција
- Нас ни е неопходна второлиниската терапија, која е многу скапа за кој било од нас да ја купи, а веќе е достапна во цела Европа, потенцира Леви. Додаде дека во Република Македонија денес има околу 100 заболени од ХМЛ. И статистички и во пракса, околу 30 заболени од ХМЛ во Македонија се без соодветна терапија. Тој број рапидно се зголемува секоја година.
Леви изрази надеж дека Владата и министерот за здравство повторно ќе им дадат поддршка на заболените од ХМЛ, како што тоа го направиле во 2011 година, кога го ставиле лекот Гливек на позитивна листа.
Професорот Александар Стојанов
- Годишно во Македонија имаме од 15 до 20 нови пациенти. Болеста главно напаѓа во средна и напредната возраст, иако напаѓа и деца, тинејџери, рече Стојановиќ. Потенцира дека од 2011 година се воведе ред во терапијата и додаде оти проблем е промената на лекот или се работи за петта генерика за пет години.
Здружението на ХМЛ во Македонија денеска организираше и предавање на тема: „Несакани ефекти во лечењето на Хронична миелоична леукемија и значењето на нивното евидентирање и благовремено пријавување во надлежните установи“.
Меѓународниот ден на заболените од ХМЛ денеска го одбележуваат преку 109 пациентски организации од доменот на заштита на пациентите заболени од ХМЛ во 82 држави во светот.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува