-->
-->
Одбележан Денот на просветните работници во Велес
-->

Со Свечена академија во големата сала на Народниот театар „ ЈХК-Џинот“ во Велес, Општина Велес синоќа го одбележа националниот празник 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и Ден на просветните работници.
На Академијата присутните ги поздрави градоначалникот Славчо Чадиев кој го нагласи значењето и придонесот на оваа благородна професија за сегашните и идните генерации на Велес како и желбата за знаење, учење и создавање што не одликува и разликува.
Чадиев ги додели традиционалните признанијата за најуспешните наставници во 2016-та година.
Наградата за најдобар наставник од општинските основни училишта во одделенска настава во Општина Велес за 2016 година ја доби Трендафилка Илкова, наставник во ООУ„Благој Кирков“ од Велес. Наградата за најдобар наставник од општинските основни училишта во предметна настава во Општина Велес за 2016 година ја доби Весна Здравковска, наставник по математика во ООУ „Васил Главинов“ од Велес додека, наградата за најдобар наставник од општинските средни училишта во Велес за 2016 година ја доби Орданче Амбарков , наставник во ССОУ „Коле Неделковски“.
Чадиев потенцира дека секогаш и секаде има поединци што се издвојуваат и што заслужуваат да им се оддаде признание за вложениот труд.
-Од таа причина Општина Велес секоја година им оддава признание на наставниците од основното и средното образование. Тоа не значи дека другите не се добри и не ја заслужуваат наградата. Напротив оваа пракса општината ја воведе за да покаже дека ја цени и почитува работата на просветните работници.Од преземањето на надлежностите во областа на образованието Општина Велес свесна за улогата и значењето на образованието за развојот на локалната заедница вложува максимални напори да ги подобри условите за работа во училиштата, потенцира Чадиев.
Програмата продолжи со фолклорните амбасадори, членовите на Ансамблот „Керамичар“ од Велес и нивните гости од КУД „Космај“ од Сопот во близина на Белград Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
