Одбележан Денот на независноста на БИХ
Со интонирање на химната и подигнување на државното знаме на сараевското брдо Хум денеска почна одбележувањето на 1 март, Ден на независноста на Босна и Херцеговина кој се празнува само во Федерацијата на БИХ. На нејзините граѓани Денот на незавизноста им го честиташе и американскиот амбасадор Мајкл Марфи, додека во Република Српска и натаму одбиваат да го прифатат тој датум за официјален празник.
Денот на независноста е востановен во 1995 година, со одлука на Парламентот на тогашната Република Босна и Херцеговина, како празник со кој се одбележува референдумот за независност, кој се одржа на 29 февруари и 1 март 1992 година и на кој 64 отсто од граѓаните гласаа за осамостојување од СФРЈ од чиј состав претходно излегоа Хрватска и Словенија.
Врз основа на резултатите од тој референдум, земјите-членки на Европската унија ја признаа Босна и Херцеговина како независна држава на 6 април 1992 година.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ