Одбележан Денот на Агенцијата за храна и ветеринарство

Под мотото Блиску до природата, поблису до традицијата, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи во Република Македонија и оператори со храна од земјава, во Веро ценатрот во Скопје го одбележа 16 Октомври - Светски ден на храната - Ден на Агенција за храна и ветеринарство.
Одбележувањето на овој настан годинава се реализира во соработка со хуманитарната организација Ангелчиња - ХОА која во соработка со Град Скопје, го одржа осмиот хуманитарен интернациoнален хепенинг ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2016. Во рамки на оваа хуманитарна манифестација се одржа натпревар во изработка и декорации на торти, мини саем на традиционална храна и натпревар во подготовка и декорирање на слатки.
- Претстојниот 16 Октомври, Светскиот ден на храната го славиме и како ден на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Храната претставува едно од најзначајните прашања. Ресурсите на храна на земјата се намалуваат. Популацијата е во пораст, а климатските промени и загадувањето на животната средина битно влијаат врз приносите и безбедноста на храната, рече директорот на Агенција за храна и ветринарство Зоран Поповски.
Оваа година темата под која се одбележува светскиот ден на храната се однесува на влијанието на климатските промени врз безбедноста на храната и земјоделството, токму затоа, додаде тој, настанот го одбележуваме под мотото „Блиску до традицијата, поблиску до природата“..
- Сакаме да ја подигнеме тенденцијата кон купување производи и храна произведени на традиционален начин, храна со повисок квалитет, повкусна, побогата со хранливи материи. Традиционалната храна е поврзана со единствени рецепти на нашите мајки и баби. Традиционално преработената храна е дел од културниот идентитет на нашата заедница. Сакам да упатам порака за заедничко дејствување за заштита на разновидноста и комплексноста на нашата регионална храна како и одржливоста на нашите рурални заедници. Со такво дејствување ќе ги намалиме штетите кои климатските промени и елементарните непогоди ги нанесуваат на земјоделците и сточарите, посочи Поповски.
Агенцијата за храна и ветеринарство даде поддршка на невладиниот сектор во реализација на информативно-едукативни материјали наменети за граѓаните, кои денеска се промовираа пред присутните на овој настан, но исто така ќе се најдат и како прилог во дневното издание на еден дневен весник во понеделник на 17 октомври.
Маријана Лончар Велкова истакна дека е континуирана соработкатакоја ја имаат со Агенцијата за храна и ветринарсво и со Град Скопје при спроведување на програмите за заштита на потрошувачите на национално и локално ниво.
- Нашите активности на полето на храната и исхраната се постојани и ги препознаваме како едни од најзначајните. Минатата недела во рамките на „Зелена недела“, која се одбележува во целиот свет од страна на организациите на потрошувачи, ние ја објавивме новата веб страна: www.organsisvet.mk, со која сакаме да го истакнеме поволното влијание на органската храна врз нашето здравје и животната средина. Целта ни е органските производи се почесто да се користат. Бараме националната ознака на органските производи да биде повидлива на производите со цел да се попрепознава од потрошувачите, а бројот на производители на оваа храна во Република Македонија да се зголемува, рече Лончар Велкова.
Таа се осврна и на проблемот со дебелината кој е присутен секаде во светот, па поради тоа барањата на организациите на потрошувачи за подобро означување на производите и намалување на состојките од страна на производителите кои ја предизвикуваат.
- За таа цел ние изработивме и мобилна апликација со која можеме лесно да ги проверуваме етикетите на производите и да видиме дали внесуваме преголемо количество на овие состојки во секојдневната исхрана. И понатаму заедно со АХВ планираме да спроведеме едукација и во основните училишта за овие значајни теми во рамки на предметот: „Вештини за живеење“ што ќе доведе до поголема информираност на младите, појасни Лончар Велкова.
И оваа година, партнери во одбележувањето на Денот на Агенцијата за храна и ветеронарство и Светскиот ден на храната се дечињата од детскиот хор Златно славејче.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
