Одбележан 20 Мај - Денот на Бригадата за логистичка поддршка
Ресурсите биле и ќе бидат пресудни за функционирање на воените состави во мир, а посебно во услови на кризи и при водење војна. Примерите од историјата покажуваат дека војните се добиваат или губат заради ресурсите, а ресурсите со предзнак „логистика“ имале пресудна улога. Ова го истакна полковник Цветко Јаневски, командант на Бригадата за логистичка поддршка на АРМ денеска на свеченоста по повод одбележување на Денот на бригадата - 20 Мај.
Тој нагласи дека припадниците на бригадата отсекогаш ја имаат на ум својата мисија и суштински задачи, а тоа е дека треба да подготват повеќе од 600.000 поединечни оброци годишно, дека треба да прегледаат повеќе од 5.000 припадници на Армијата, како и да обезбедат поддршка на сите единици на Армијата кои ќе овозможат успешно извршување на сите задачи во мир, кризни состојби и војна.
- Убеден сум дека имаме капацитет и знаење да ги извршиме сите задачи и да го обезбедиме она што се бара од нас: испорачување на логистичка поддршка во право време на право место и во потребните количини, порача полковник Јаневски.
Командантот на Здружената оперативна команда генерал мајор Зоран Милески истакна дека денеска сме сите сведоци за улогата на логистиката во активностите на АРМ, особено за поддршка на припадниците на МВР на јужната и северната граница на Македонија со што придонесуваат за успешно справување со напливот на мигранти во државата и обезбедување на нејзиниот суверенитет.
- Во наредниот период ни претстои процес на трансформација на АРМ вклучително и на логистичката поддршка на Ниво 3 на сите единици на АРМ, а со тоа и распоредувањето на единиците за постигнување максимална ефективност и ефикасност со минимална неопходна структура на логистичките сили, порача генерал мајор Милески честитајќи им го припадници Денот на единицата.
Денот на бригадата за логистичка поддршка - 20 Мај, се одбележува петта година по ред, согласно уредбата на Претседателот на РМ како носител на традициите на Разловечкото востание од 1876 година.
Ново на Сител
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот