Одбележан 18 Ноември, денот на ослободувањето на Гостивар
По повод 73 години од ослободување на Гостивар, вчера беше организирана пригодна свеченост, на која беа доделени признанија и награди за учесници на конкурсот за најдобар есеј.
Одбележувањето на 18 ноември, Денот на ослободувањето на градот почна со културно умтничка програма во дирекцијата на ХЕЦ Маврово, која изведоа учениците од ОУ „Единство“.
На собирот беше потсетено на историските текови врзани со последните ослободителни акции од НОБ и активностите на партизанските формации.
Општинскиот одбор и оваа година на поединци и фирми кои ги поддржуваат активностите на боречката организација им додели признанија.
Во чест на Денот на ослободувањето беа доделени наградите од конкурсот за најдобар есеј на тема „Слободата е нашата сегашност и патоказ за посветла и посреќна иднина на сите нас“ . Првите награди ги освоија Рената Петреска од ОУ „Единство“ и Јована Јованоска од средното техничко училиште.
Одбележувањето заврши со положување на букети цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ.
Ново на Сител
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген