Од врвен кардиолог Бакрачевски прераспределен на ниво на медицинска сестра

Ексградоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по завршувањето на својот мандат, се врати во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“, но на негово изненадување актуелната директорка Горадана Донеска го прераспределила од салата за интервнции на срце во одделението за срцеви артмии, кое е најниско одделение по хиерархија, каде што се се вршат кардиолошки прегледи. Позицијата што ја добил Бакрачески е на ниво на медицинска сестра. „Макфакс“ јавува дека директорката на Кардиолошкиот завод не се сретнала со Бакрачески за лично да му го врачи решението за негова прераспределба во болницата.
Никола Бакрачески во изјава за „Макфакс“ вели дека нема да се жали на оваа одлука потенцирајќи дека тој се повлекол од градоначалничката функција за да се врати на неговата примарна професија и создавање услови за иден развој на кардиологијата во регионот.
„Јас нема да ги коментирам политиките на актуелниот директор на Заводот и причините за ваквата прераспределба на кадрите и организациската поставеност, но само можам да потврдам една вистина, а тоа е дека за време на моето раководење на оваа институција во период од 2006 до 2013 никогаш и во ниеден момент не се случило кадрите да бидат вработувани, да бидат именувани или унапредувани на позиции според партиската припадност, туку исклучиво само и само според степенот на своите знаења и квалификации, вештините што ги поседуваат и капацитетот да раководат со одделни одделенија. Тоа се однесува и на добивањето можности за специјализации и супспецијализации, едукации во странство, усвојување нови методи и постапки. Тоа може секој да го потврди“, вели Бакрачески за „Макфакс“.
Тој додава дека знаењето и вештините никој не може да му ги одземе додавајќи дека не може и не смее оваа професија да има партиски предзнаци и предрасуди. Никола Бакрачески е признаен во светот, а притоа е првиот човек што ја вовел интервентната кардиологија во Охрид.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
