Македонија
25. јуни 2019 - 20:28

Од Владата 30 милиони за Вардар и милион денари за Алили за европските шампионски титули

Владата денеска на седница донесе одлука да додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет.

На седницата е донесена и одлука да додели еден милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети и 300 илјади денари на неговиот тренер.