Од утре заладување и врнежи од дожд
Од утре синоптичарите најавуваат заладување, врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на утрешниот ден облачноста ќе се зголемува и во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималните температури ќе се движат во интервал од пет до осум, додека максималните до 26 степени.
Од понеделник, како што информираат од УХМР, ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во вторник преку ден кога ќе бидат пообилни (над 25 л/м2) и кога ќе дува повремено силен јужен ветер.
Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер и краткотраен дожд.
Во вторник ќе има и поголемо спуштање на дневните температури, а потоа температурите постепено ќе пораснат се до петок кога врнежите ќе завршуваат.
Пониски утрински температури ќе има во четврток и петок и тогаш некаде утринската темпетарура ќе биде околу нулата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол