Презентација на студија за заштита на деца од насилство
Студија за проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита на деца од насилство ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Целта на студијата е подобро да се разбере обемот на проблемот со насилство врз децата, да се утврдат системските пропусти на ниво на создавање политики и програми и нивно спроведување и да се дадат препораки кои ќе помогнат за долгорочно планирање за превенција и заштита на децата од насилство.
На промоцијата, како што е најавено, воведни обраќања треба да имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Рената Дескоска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини и претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.
Студијата ја спроведе Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во партнерство со Канцеларијата на УНИЦЕФ ја спроведе студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз деца.
Спроведувањето на студијата беше финансиски поддржано од Европската Унија, а кофинансирано од УНИЦЕФ, во рамките на регионалниот проект за заштита на децата од насилство и инклузија на децата со попреченост.
Ново на Сител
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце
-
Базените на Црвениот крст ставени на располагање за хеликоптерска интервенција
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО