Од утре привремен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“
Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности од утре целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружната крстосница кај СП Планет, до крстосницата со булеварот „Македонска војска“.
Моторниот сообраќај и возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60, а се движат од Дексион кон Центар ќе бидат пренасочени од улицата „Ѓорче Петров,“ по булеварот „Македонска војска“, кај кружната крстосница, црквата „Св Петар и Павле“, по булевар „Партизански одреди“ и продолжуваат по својата траса.
Во обратна насока, од Центар кон Дексион, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. Ќе продолжуваат по булеварот „Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Македонска војска“ по улицата „Ѓорче Петров“ и продолжуваат по својата траса.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.
Ново на Сител
-
Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период
-
Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп
-
Миланов назначен за делегат на состанокот на Генералното Собрание на WOAH
-
Во недела „ПетФест“ во Паркот на Франкофонијата
-
Мицкocки вo Будимпешта на CPAC конференцијa и нa средбa сo Виктoр Орбaн
-
Акција за подобрување на водоснабдувањето во Скопје, делумен прекин ќе има во неколку населени места
-
Законот за локална самоуправа на 52. пленарна седница
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток