Од утре привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“
Поради градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, на дел од булеварот „Гоце Делчев“, од утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, што фазно ќе го опфати потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“, како и булеварот „ВМРО“ од булеварот „Партизански одреди“ до самиот мост.
Како што соопштија од Град Скопје, градежните работи ќе се изведуваат во две фази, истовремено во двете насоки на движење на мостот.
Во првата фаза при изведба на градежните работи, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во две сообраќајни ленти, а сообраќајот на потегот од стара пошта кон Судска палата ќе се одвива само во една сообраќајна лента.
Во втората фаза при изведба на градежните работи сообраќајот на потегот од улица „Филип Втори Македонски“ кон булеварот „Илинден“ ќе се одвива во само една сообраќајна лента, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе се одвива во преостанатите две сообраќајни ленти.
Фазите на времениот сообраќаен режим се со времетраење од 20 денови по фаза, вкупно 40 денови.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Ново на Сител
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе

