Од утре пониски утрински температури
Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.
Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.
До крајот на денот не очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до
северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, а попладне потивко и со доста сонце.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Охрид – 15 литри на метар квадратен, 13 во Тетово, 12 во Дебар и Попова Шапка, 11 во Пожаране, Маврово и Куманово – осум, Претор, Битола, Прилеп, Демир Капија – четири, Скопје – Зајчев Рид – три, Крива Паланка – 2, Берово и Скопје – Петровец – еден.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово