Македонија
28. February 2021 - 8:33

Од утре почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомиците

Од утре почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од утре, 1 март до 21 април.

Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој вчера заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, одржа прес-конференција соопшти дека самопопишувањето ќе се одвива преку веб – апликација, која е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана.

Министерството за надворешни работи како одговорно за дијаспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишат онлјан преку веб- страницата на ДЗС. Османи кажа дека ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функционира 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Според шефот на дипломатијата, веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата.

Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за усулгите што им се потребни на иселениците.

– Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините зошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.

Симевски посочи дека МНР и сите ДКП во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

– Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината, истакна директорот на ДЗС .

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, се врши преку  пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:

Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.

Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.

Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.

Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март  2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април  2021 година. На веб-страната на МНР се обрајвени и телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021.

Во периодот од 1 до 15 март заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Македонија, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попиани лицата бездомници.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.