Од утре почнува етапната исплата на пензиите
Oд утре почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Како што наведуваат од Министерството, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата – за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник 26 април, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата ќе биде во вторник, пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари ќе бидат исплатени во среда, а пензиите над 18.001 денари ќе се исплаќаат во четврток.
-Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, велат од Министерството.
Воедно, потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема што ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, како што се наведува, со парите можат да располагаат од понеделник – 26 април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Од Министерството за труд и социјална политика укажуваат дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.
Ново на Сител
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател