Од утре почнува аплицирањето за зелена карта за САД
Сите заинтересирани граѓани од утре до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година.
Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент https://dvprogram.state.gov/ , на која има целосни инструкции.
- Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват и поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но за едно лице може да има само една апликација, стои во соопштението.
Секој кандидат е одговорен за своите податоци и дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот дури и откако е извлечен како добитник.
Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една лична пријава. Поднесувањето на повеќе лични пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата.
Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември 2025 година, без разлика дали е извлечен на почетокот. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.
Кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 4 мај 2024 година.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО