Од утре нестабилно време со пороен дожд и можност за поплави
Хидролозите од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека доколку се остварат најавите на синоптичарите за врнежи со голем интензитет за кратко времетраење на одредени помали сливни површини, утре, па и следниот ден, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето така и на патната инфраструктура која е во нивна близина. Според нив, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.
Во одредени градски населби можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите можат да предизвикаат комунални проблеми.
Според најавата од синоптичарите при УХМР, утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. .
Хидролозите од УХМР велат дека достапните модели најавуваат потреба од внимателност генерално на пределите, падините и рамнините околу планините Шар Планина, Јакупца, Караџица, Бистра, Баба, Ниџе, Кожуф, Стогово, Осоговието, Огражден и Малешевските Планини и препорачуват внимателно движење особено покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот