Македонија
13. May 2022 - 13:46

Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Утре на повеќе места, а во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат во интервал до 12, а максималните ќе достигнат до 29 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање со пораст на температурата.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат на поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.