Од утре намалување на цените на бензините, дизелот без промена

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,90%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 30.11.2020 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,368 ден/кг.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
