Од удар на гром на Мал Триглав повредени 18 планинари, од кои двајца потешко
Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ.
Како што пренесува Глас Истре, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор.
Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите.
Инцидентот се случил кога група од 18 планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица. Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер при нормално време. Во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, па хеликоптерот морал да слета пониско. Спасувачкиот тим потоа започнал со класично спасување.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута