Балкан
17. October 2015 - 12:59

Од судбината не се бега - Падна во кома ден пред нејзината свадба

Сузана Марјановиќ е тешко повредена кога „голфот“ со кој управувал нејзиното момче Немања Радовановиќ удрил во столб, обидувајќи се да го избегне „фордот“ кој им го попречил патот.
 
Немања и Сузана од Лазаревац, Србија, закажале свадба, а започнале и заеднички бизнис. Тие вчера доживеале страшна сообраќајка, по што 24-годишниот Немања се здоби со полесни повреди, а 23-годишната Сузана заврши во кома.
 
Несреќата се случила вчера утрото.
 
Српските медиуми пишуваат дека Стеван Васиљевиќ излегувал од својот двор со автомобилот, а во моментот кога во рикверц излегол на главниот пат, го попречил патот на „голфот“ во кој биле Немања и Сузана. За да избегне директен судир, Немања се обидел да закочи, но изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб покрај патот.