-->
-->
Од следната сезона во АБА лигата ќе игра шампионот на Македонија
-->
Mакедонскиот шампион МЗТ Скопје утре на гостувањето во Љубљана ќе ја започне новата сезона во регионалната АБА лига.
Ова воедно ќе биде и последна сезона во која Аеродромци имаа „гарантирано„ учество во АБА лигата. Имено. Според новите пропозиции, од следната сезона, во регионалната лига ќе игра првакот на Македонија.
АБА лигата го објави новиот систем според кој ќе бидат определени учесниците од следната натпреварувачка сезона (2016/2017), во која, по три претставници ќе имаат Србија и Хрватска, два од Словенија и по еден од Македонија, БиХ и од Црна Гора.
Последниот тим во ќе го добие федерацијата чии претставници ќе имаат најдобар коефициент на победи во првенството кое почнува утре, што значи дека кошаркарите на МЗТ Скопје ќе имаат можност да се изборат и за евентуално втор тим од Македонија, односно финалистот од домашното првенство.
Ваквата информација секако ќе ги зголеми мотивите кај екипите од Првата македонска лига, која ќе стартува на 10 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ